Tuesday, December 24, 2013

Народни носии

Преку бројните примероци во народното матријално творештво, народната носија најизразит репрезент на традиционалното богатство на македонскиот народ. Создавена низ децени и векови, како одраз на етно-културната историја, народната носија пред се е продукт на домашното огниште. Се карактеризира со огромно богатство на бои, разновидни детали и други орнаменти, под влијание на општествено-социјалните околнусти, и на културните врски со соседните народи и култури. Македонската носија е мошне внимателно краирана од вредните раце на македонските жени. Народната носија се состои од бела туникообразна платнена кошула, како и од бројните облеки од бела или црна клашна. По богатството и копоритноста се издвојуват празничните и свечените носии. Со својата монумениталност, вклопеноста на сите детали и елеганција посебно се издвојуват носите од околините на Скопје, Галичник, Прилеп, Битола, Куманово, Тетово, како и носите од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија. Ткаени и везани во мугрите или кога паѓал мракот, на газена ламба, говорат за исклучителната желба за убавината на носите, желбата за слобода, желбата за опстојување. Во првата деценија на XX век регистрирани се околу 70 народни носии, од сите краишта на македонија. Имале животна функција, биле дел од секојдневието, а везот бил само традиционален украс. Особено кај женските носии, како плод на творечката оргиналност и фантазија на македонската жена, седумдесеттенародни носи со својот неповторлив уметнички квалитет, се дел од македонксата ризница, а истовремено и доказ за гордото опстојување на македонскиот народ.
            Посебен израз и белег на народните носии во македонија им предава декоративниот вез, чија специфика се огледува во богатството на мошне сложена форми и живиот копарит. Овој народен вез, изработен главно од волна и свила, импресионира со својата детална орнаментика, во која доминира црвената боја. Освен како декоративен елемент во народните носи, македонскиот народен вез се употребува за изработува на разни ткаенини во домакинството, во вид на келими и разни други покривки  во внатресноста на македонската куќа.




No comments:

Post a Comment